Sporedba na pecateni i elektronski
mediumi (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 12 | Nivo: Komunikaciski nauki
. Вовед
Оваа семинарска работа проучува еден мал сегмент
и една потесна опфатеност од широката научната дисциплина наречена медиумски
студии.Медиумските студии се занимаваат со проучување на историјата, содржината
и влијанието на медиумите.При извршувањето на таквото проучување медиумските
студии ги користат откритијата и податоците од повеќе општествени и
хуманистички дисциплини, како што се социологијата, психологијата, политиката,
културолошките студии итн. при што медиумските студии сами по себе добиваат
интердисциплинарен карактер.
Земајќи ја во предвид оваа семинарска работа, од
генерален аспект, во неа се одредуваат одликите на два различни видови на
медиуми, што значи дека поголемо внимание ќе се обрне на два одредени сегменти
на масовната комуникација како област на интересирање на медиумските студии.
Во оваа семинарска работа, од конкретен аспект
се обработува споредбата помеѓу печатените и електронските медиуми.Ваквата
споредба на избраните медиуми се анализира врз основа на нивните
карактеристики, нивната конкретна медиумска понуда, предностите и
ограничувањата, како и нивното функционирање како средства во масовната
комуникација во едно општество.
2. Класификации на медиумите
За да може да се анализираат медиумите како
печатени и електронски, важно е првично да се појде од класификациите на
медиумите и да се одреди во која класификација се сретнуваа нивната определба
како такви (печатени и електронски).Значи, појдовна точка во анализирањето на
претходно наведената споредба е класификацијата на медиумите.
Во теоријата на студиите за масовна комуникација
се определуваат неколку дефиниции за класификации на медиумите и тоа:
а) Општа (според која секој материјален ентитет
што пренесува порака е медиум)
пр. маица со натпис
б) Класично-конвенцијонална (според техничкиот
уред што ја емитува пораката)
телевизија, радио и компјутер
в) Технолошка (според технолошкиот начин на
запишување на пораката)
електронски, печатени и дигитални медиуми
г) Социолошка (според комуникацискиот систем кој
ја пренесува пораката)
масовни, глобални, државни, локални и приватни
медиуми
Осврнувајќи се на овие класификации може да се
согледа дека според технолошката поделба медиумите се определуваат како
печатени или електронски.
3. Печатени медиуми
Дефинирање на печатени медиуми
Самиот збор “печатено” говори за процесот на
создавање, продуцирање на текст и/или слика на парче хартија, притоа користејќи
соодветна опрема за печатење (печатар, печатарска машина).Навраќајќи се
повторно на технолошката класификација на медиумите, се согледува дека
технолошкиот начин на кодирање и праќање на пораката е преку нејзино печатење и
внесување на хартија.
Дури и напишаниот потсетник кој го пишуваме со
цел да се потсетиме на некоја обврска што треба да ја направиме во текот на
денот е еден своевиден печатен медиум.Единствената разлика во тој случај е што
таа порака не е од јавно значење, всушност не соопштува нешто што е од интерес
за повеќебројна група на луѓе во општеството-публика.Тој потсетник не е во
ниеден случај креативен центар од кој излегува информација што треба да ја
тангира публиката, така што само под општата класификација потсетникот може да
биде медиум.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!